Тен Хаг е пред промоција во Манчестер Јунајтед
Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед следните денови се очекува официјално да го назначи холандскиот стратег – Ерик тен Хаг за долгорочно решение на тренерската клупа, јавуваат денеска британските медиуми.
Лондонски „Гардијан“ објави дека Јунајтед за ангажманот на Тен Хаг на Ајакс ќе му плати обесштетување од 2 милиона евра.
Тен Хаг, според најавите, ќе потпише тригодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една година, или пак четири годишен договор со важност до 2016 година.
Актуелниот стратег на клубот од Амстердам се очекува да биде петтиот тренер на клупата на Јунајтед за помалку од една деценија, по повлекувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.