По два неуспешни обиди, бугарскиот Парламент собра кворум и почна со работа. На седница се расправа за францускиот предлог со цел укинување на ветото за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија.
Европскиот совет синоќа ги повика политичарите во земјата да ја исполнат својата европска должност.
И покрај обидите за консензус за предлог-одлуката на Демократска Бугарија, политичките аргументи останаа валидни.
„Не само ние од Вазраждане, туку секој нормален Бугарин нема да прифати предавство на бугарскиот национален интерес“, рече Костадин Костадинов.
„Им благодариме на нашите европски пријатели, на нашето европско семејство, што ги слушнаа нашите аргументи, не само сега, туку и кога инсистиравме бугарските услови да бидат дел од преговарачката рамка“ – рече Десислава Атанасова од ГЕРБ.
„Дали е т.н „Француски предлог, добро е, добро е, го кажаа и шефот на дипломатијата и претседателот, ако не верувате, слушнете што зборуваат во Скопје, бидејќи велат дека за нив е неприфатливо“ – рече Христо Иванов од Демократска Бугарија..
„Од сега па натаму сакам да им се заблагодарам на сите што дојдовте до идејата дека ова прашање треба да се реши сега и да не се одложува“ – рече Мустафа Карадаи од МРФ.
БСП не се согласува да брза, во согласност со крајот на француското претседателство со ЕУ, а ИТН е убедена дека се случува национално предавство.
„БСП не може да го поддржи предлогот на ДБ и секое принудно свиткување не е чест“ – рече Георги Михаилов.