Тензична атмосфера во српското Собрание, Брнабиќ треба да биде избрана за претседател на Парламентот

Седницата на Собранието на Србија, на која Ана Брнабиќ треба да биде избрана за претседател на Парламентот, денеска продолжи со истиот „тон“ како и вчера во најголем дел.

Опозиционерите исто како и вчера влегоа во салата со статуетки за Оскар на кои беше испишано името на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Недолго потоа се случи инцидент.

Додека шефот на пратеничката група на СНС, Миленко Јованов, изјави дека немало изборна кражба, опозицијата на чело со пратеникот на НПС Борислав Новаковиќ се побуни против начинот на кој претседавачот дава збор на позицијата, а не и дава збор на опозицијата.

Опозиционерите станаа од столчињата и за малку ќе влезеа во физичка пресметка.

Во директниот пренос се слушнаа сериозни пцовки.

Опозицијата бараше рекламирање на деловникот, а претседавачот Стојан Раденовиќ тврдеше дека не заслужуваат да добијат збор.

Во исто време, Јованов застана во одбрана на Раденовиќ, тврдејќи дека пратениците од опозицијата напаѓаат 80-годишен старец.