Тензии на релација Брнабиќ – Пленковиќ за тезата дека Хрватска е етнички чиста!

Премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ во Брисел имаше коментар на изјавата на српската колешка – Ана Брнабиќ која рече дека Хрватска е етнички најчистата држава во Европа: „Вие етнички ја исчистивте Хрватска, не постои друга етнички чиста држава на територијата на Европа освен Хрватска. Вие ги избркавте сите тие луѓе па велите – не морале да бегаат. Видовме како не морале да бегаат бидејќи оние кои останале се главно убиени“.

Ова е коментарот на Пленковиќ:

„Хрватска ги почитува правата на националните малцинства. Потпретседател на Владата е Ања Шимпрага, беше и Борис Милошевиќ, присуството на сите претставници на малцинствата во различни сегменти на власта зборува за тоа каква е нашата политика. Политика за решавање на отворените прашања, политика на вистината, политика на процесуирањето на воени злосторства, политика на пронаоѓање на исчезнатите. Тезите за тоа дека Хрватска е етнички чиста се смешни. Да сме ниту тие ќе беа во Саборот ниту ќе учествуваа во власта. Нашата политика е политика на инклузија, толеранција и помирување, но пред се преку вистината. Без вистината, тешко дека можеме да одиме напред по големосрпската агресијата на Милошевиќ против Хрватска“, рече Пленковиќ.