„Темп“: Швајцарија изрази подготвеност да биде домаќин на средба меѓу Трамп и Путин за Украина
-По самитот во Биргеншток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори за воспоставување мир, изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи, Никола Бидо, пренесе весникот.
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, што ќе биде посветен на решение на конфликтот во Украина, доколку тие тоа би го побарале, пишува денеска швајцарскиот весник „Темп“ (Le Temps).
-По самитот во Биргеншток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори за воспоставување мир, изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи, Никола Бидо, пренесе весникот.
Швајцарските власти, меѓутоа, нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека земјата е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
Трамп на 10 јануари ги најави подготовките за средба со Путин, затоа што, според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Претставникот за печат на рускиот лидер Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.