Полицијата во Нови Сад утринава околу 7 часот и 45 минути добила пријава дека во шахта на улицата Липарије во овој град е пронајдено тело на непознато лице.
Патролата веднаш излегла на терен и констатирала дека во отворот на канализацијата навистина има безживотно тело.
„Полициските службеници веднаш ги известиле пожарникарите, кои телото го извлекле на улица. После тоа лекарскиот тим констатирал смрт на непознато лице“ – според медиумски извор.
Според него, во истрагата не е утврден идентитетот на жртвата, а трупот во меѓувреме е пренесен на обдукција со цел да се утврди точното време и причината за смртта.
Полициската истрага за овој случај е во тек, поточно полицијата истражува дали смртта била насилна.