Тело на младо момче пронајдено во реката Пена

Утринава во водите на реката Пена е е најдено безживотно тело на 16 годишно момче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката е пронајдено безживотното тело.

Момчето било пријавено за исчезнато.

Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот.