Шпанската полиција го откри телото на Сибора Гагани, млада жена со албанско потекло и италијанско државјанство, која исчезна во шпанското одморалиште Торемолинос во 2014 година.
Посмртните останки на млада Албанка биле пронајдени скриени во дрвена кутија помеѓу два ѕида од станот што го делела со италијанскиот државјанин Марко Р.(45) со кој тогаш била во врска.
На 27 мај Марко Р., наводно, ја убил својата девојка во истиот град. Тој побегнал по злосторството, но бил фатен од полицијата, а подоцна наводно го признал убиството на Гагани откако видел фотографија од младата жена на постер за исчезнати лица во станицата.
– Тој употребил киселина за да го снема телото, по што го заѕидал – стои во полициското соопштение.
Инспекторите го прегледале местото каде парот живеел заедно во 2014 година и со помош на систем за рендген откриле дрвена гајба скриена меѓу два ѕида.
Подоцна внатре биле пронајдени човечки останки и однесени во Институтот за судска медицина за обдукција и идентификација. Иако се уште не се готови резултатите од ДНК тестовите, се чини дека работата е јасна.
Сегашните станари на мансардата соработувале со истражителите кои неколкупати го пребарале станот со дупчење мали дупки во ѕидовите за да вметнат камери, но безуспешно. Тоа успеале да го направат дури во вторник благодарение на употребата на рендген апарат.
Град на југот на Шпанија прогласи ден на жалост поради страшното откритие.