Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ најави дека денеска телефонски ќе разговараат рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган вчера телефонски разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Ердоган наведе дека Турција е подготвена да посредува во конфликтот и да дејствува како земја гарант за безбедноста на Украина.
Минатата недела во Истанбул се одржаа мировни преговори помеѓу руската и украинската делегација.