Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, соопштија денеска од кабинетот на Вучиќ.
Беше објавено дека три теми биле клучни во телефонскиот разговор: Косово и „желбата на американската администрација да се постигне решение што е можно поскоро“, односот на Србија со Руската Федерација и диверзификацијата на енергетските извори на Србија.
„Блинкен го известил Вучиќ за неопходноста од брзо постигнување договор со Приштина, а претседателот Вучиќ ги презентирал ставовите на Србија“, се наведува во краткото соопштение, пренесе Бета.