Лажен бил анонимниот телефонски повик вчера попладнето за поставена бомба во или пред грчкиот Парламент, со оглед на тоа што полицијата не пронајде ништо сомнително, јави дописничката на МИА од Атина.
Непозната женско лице, околу 18:30 часот по локално време, преку анонимен телефонски повик во грчката телевизија „Антена“ предупредило за поставен експлозивен механизам пред Парламентот во центарот на Атина, давајќи рок од 45 минути до експлозијата.
Веднаш реагирала полицијата, го затворила делот околу Парламентот, го запрела сообраќајот, а по спроведената проверка од Секторот за неутрализирање на експлозивни направи, не било пронајдено ништо сомнително.