„Телеграф“: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи удари длабоко во Русија
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе разговараат за можноста да се убеди американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да истрела проектили „Бура сенка“ длабоко на руска територија, изјавија за британски „Телеграф“ извори од британската влада.

Изворите велат дека британските власти се надеваат дека Бајден конечно ќе го даде одобрението што Киев го бара со месеци.
Разговорите ќе се одржат во Париз, каде Стармер ќе биде првиот британски лидер кој денеска ќе присуствува на церемонијата на Денот на примирјето во тој град, откако тоа го направи Винстон Черчил во 1944 година.
Се очекува Стармер и Макрон да разговараат и за влијанието на новото претседателство на Трамп во Белата куќа врз Блискиот Исток.
За време на предизборната кампања, Трамп зборуваше за завршување на војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата.
Стармер вети дека ќе соработува тесно со Трамп.
По изборната победа на Трамп, Бајден се обидува да обезбеди американска поддршка за Украина.
Белата куќа во четвртокот објави дека ќе продолжи да ја зголемува хуманитарната и воената помош за Украина користејќи средства што веќе ги одобри Конгресот. Бајден ќе побара од Трамп да не ја замрзнува помошта за Украина кога ќе се состанат во среда, изјави во неделата американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.
„Бајден ќе има можност во следните 70 дена да им го претстави на Конгресот и на новата администрација ставот дека САД не треба да ја прекинат помошта за Украина бидејќи тоа би значело поголема нестабилност во Европа“, рече Саливан.