Театарска претстава со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња за деца од Украина кои нашле прибежиште во Македонија

Денеска имаше театарска претстава со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња за деца од Украина кои нашле прибежиште во РСМакедонија. Министерството за одбрана во соработка со амбасадата на Украина во Северна Македонија го организираше ова.

Овде присуствуваше министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина, Лариса Дир.

Намерата на министерката Петровска и Министерството е со овој настан да внесе среќа и радост во очите на дечињата и топлина во нивните срца, да покаже дека тие не се сами и дека се грижиме за нив, се посочува во соопштението.

–Тука се дружиме со дечињата кои своите прибежиште го најдоа во Република Северна Македонија, украинските деца кои страдаат од војната и од случувањата во Украина. Радосни сме и задоволни сме што заедно со амбасадорката Дир, Министерството за одбрана беше организатор на овој убав настан и им благодариме на сите оние добри луѓе кои ни се приклучија. Целта е да кажеме дека покрај политичката поддршка која што е несомнена и која што изминатиов период ја дававме и сè уште ја даваме и ќе ја даваме до крај на Украина, сепак се грижиме и за малите дечиња кои се тука во Република Северна Македонија, рече министерката.

Република Северна Македонија, истакна Петровска, е нивен топол дом и изрази надеж дека тие уживаат во овие среќни новогодишни и божиќни празници, затоа што секое дете заслужува да биде среќно.

–Денес, чуда и добрина Украинците среќаваат во пријателската Северна Македонија, бидејќи нивните куќи во Украина се наоѓаат под постојано руско гранатирање. Северна Македонија ги засолни украинските деца од руската војна. А денес, Северна Македонија на тие деца им поклони празник. Благодарна сум ѝ на министерката за одбрана Славјанка Петровска, за ваквата благородна идеја за создавање на бајковито расположение, за подарување на впечатоци на децата, рече амбасадорката Дир.