ТВ21: Пресврт во судењето за убиствата на Вања и Панче? Кекишев тврди дека Палчо не е извршител на убиствата
На крајот од денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, обвинетиот Влатко Кекишев до Судечкиот совет доставил изјава која ја испратил преку затворот .
На крајот од денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски, обвинетиот Влатко Кекишев до Судечкиот совет доставил изјава која ја испратил преку затворот .
Според извори на ТВ21, во изјавата пишува дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо воопшто не бил присутен на местото и времето на извршување на убиствата, туку таму бил Велибор Манев.
ТВ21 имала увид во писмото на Кешишев во кое стои дека Палчо на 22-ри и 27 ноември не бил со нив, туку спиел во штабот на спрат во неговата соба.
Адвокатот на Влатко Кекишев, Игор Ефремов по рочиштето за медиумите изјави дека и тој сега за прв пат ја гледа изјавата, и е зачуден што не е доставена преку него како бранител на Кекишев, туку е доставена преку затворот.
„Исто и јас како и вие, денеска прв пат се запознав со дадената изјава, која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некоја изјава, меѓутоа не сакам да ја коментирам содржината имајќи предвид дека не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали истиот своеволно ја има напишано или имало присила за таква изјава“, вели Ефремов.
Другиот адвокат Јовица Страшевски пак вели дека на крајот од процесот секако ќе има соочување и ќе се утврди вистината.
„На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал, би ја коментирал едноставно мислам дека не е совесно еднаш да се изјавува едно, еднаш да се изјавува друго, ќе има соочување меѓу нив. Не знам колку обвинителството ќе понуди материјален доказ бидејќи тоа што го имаме и тоа што е предложено, не наведува на фактот дека би се потврдила ни претходната ни денешната изјава што ја има напишано, повторно ќе кажам, секако ќе има соочуѕвање ќе се утврди вистината за настанот“, вели Јовица Страшевски.
Изјавата не е дел од доказите и по истата ќе треба во иднина да се произнесе судот или одбраната да ја достави во дополнителна доказна постапка