
Тајна средба помеѓу советниците за надворешна политика на лидерите на Грција и Турција во Брисел со присуство на Германија.Средбата е со цел нормализирање на билатералните односи меѓу двете земји.
Претставничката на Грција, Ана-Марија Бура, се сретнала со турскиот функционер Ибрахим Калин, во присуство на Јенс Плотнер, советник на германската канцеларка за надворешни работи пишува во весникот „Катимерини“.
Според весникот, средбата била одржана во германската мисија на ЕУ, без предуслови од ниту една страна.
Турција и Грција во изминатите неколку децении спорат за голем број прашања, вклучувајќи го Кипар, правата за истражување во источниот Медитеран и демаркацијата на поморските граници.
Турција постојано ја обвинува Грција дека распоредува оружје на островите во Егејското Море, што го прекршува договорот од Лозана од 1923 година.