
Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари
Компанијата со седиште во Израел минатата недела објави дека склучила договор за испорака на воена опрема на „една европска земја“. Сега, весникот Тајмс оф Израел јавува дека станува збор за Србија.
Србија е европската земја која стои зад договорот вреден 1,64 милијарди долари потпишан со израелската одбранбена компанија Елбит Системс (Elbit Systems), пренесе агенцијата Бета.
Компанијата со седиште во Израел минатата недела објави дека склучила договор за испорака на воена опрема на „една европска земја“. Сега, весникот Тајмс оф Израел јавува дека станува збор за Србија.
Договорот, кој е потпишан на период од пет години, опфаќа продажба на ракетно-артилериски системи со долг дострел, како и различни видови дронови – за тактичка и оперативна употреба.
„Ќе бидат испорачани и системи за собирање и обработка на разузнавачки податоци, заедно со напредни системи за ноќно извидување,“ соопшти компанијата.
Дополнително, во втората група на договорената опрема влегуваат високо софистицирани ISTAR-системи (intelligence, surveillance, target acquisition and reconnaissance) и системи за електронско војување.
Елбит Системс ќе обезбеди и целосна воена дигитализација и мрежно борбено решение, засновано на најновата генерација софтвер и современа комуникациска хардверска опрема.