Тајван ја повика Кина да ги „уважи резултатите од претседателските избори“ кои претходниот ден ги доби Вилијам Лаи (Лаи Чин-те), кој тврди дека островот е де факто независен и вети дека ќе го брани од заканите за обединување на Пекинг.
„Министерството за надворешни работи ги повикува властите во Пекинг да ги уважи изборните резултати, да се соочат со реалноста и да се воздржат од репресија врз Тајван“, се вели во соопштението на дипломатската служба.
Министерството додаде дека добило честитки од „повеќе од 50 земји, вклучително и 12 дипломатски сојузници“ и ги осуди „апсурдните и погрешни коментари“ на кинеските власти.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека „без оглед какви промени ќе се случат во Тајван, основниот факт дека има само една Кина во светот и дека Тајван е дел од Кина нема да се промени“.
Актуелниот претседател Вилијам Лаи (64) победи вчера на претседателските избори со 40,1 отсто од гласовите.
Тој ќе ја преземе функцијата на 20 мај, заедно со потпретседателката Ксијао Мејцин, поранешна претставничка на Тајпеј во Вашингтон.