Тајван го погоди силен земјотрес – 6,1 степени по Рихтер

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот брег на Тајван, соопшти американската сеизмолошка служба.

Нема податоци за жртви, а според првите информации не е причинета материјална штета.

Земјотресот се случи во 7:35 часот по локално време на длабочина од 15,4 километри од брегот на градот Хуалиен.

Во Тајван чести се земјотресите бидејќи островот се наоѓа недалеку од местото каде што се спојуваат две тектонски плочи.