Тајани: Двесте италијански компании ќе останат во Русија и ќе ги штитиме нивните интереси
Околу 200 италијански компании продолжуваат да работат во Русија, а владата во Рим има намера да ги заштити нивните интереси, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
Тајани, кој е и вицепремиер, ова го изјави по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија и додаде дека таков став ќе изнесе при контактите со партнерите, пренесе ТАСС.
„Италија смета дека Европската унија треба да гарантира продолжување на активностите на европските компании, кои работат легално во Русија погодена од санкциите“, рече тој.