Претседателот на политичката партија ДПА – Мендух Тачи најави дека најверојатно ќе остане на лидерската позиција во партијата и по конгресот. Ова меѓудругото Тачи го соопшти во гостување во „Утрински брифинг“.
„Јас не сум одлучил дали ќе се кандидирам, но од морален аспект не можам да му речам на членството дека ќе се повлечам. Знаете, турбуленции има на конгреси на големите партии каде има големи интереси“ – вели Тачи.
Тој смета дека малите политички партии на Албанците кои се појавија во последно време набргу ќе исчезнат и ќе останат само два политички субјекта, а едниот од нив е ДУИ – која е константа на власт веќе предолго време.
„ДУИ со Али Ахмети ќе се држи додека се на власт. Кога нема да бидат на власт ќе биде друго. Нашата земја помина и поминува низ криза која ги држи партиите споени и да се држат една со друга. Политичките партии ќе се движат вака и тоа нема да се смени“ – вели Тачи.