Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Влен, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, смета дека спојувањето и целта на партиите во овој фронт не е иделошка, туку за да опстанат на политичка сцена.
Во изјава за медиумите дадена денеска во Арачиново, Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Влен.
– Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити.
Прашан дали планираат да преговарат со пратници од ДУИ за да преминат на страната на Влен, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.