
Тахири: Место во Владата за двата политички блока од Вреди веќе нема
- Објективно, мислам дека место во Владата за двата политички блока од Вреди веќе нема. Значи или едните или Таравари треба да ја напуштат владината коалиција. Тоа е политичката логика бидејќи Таравари на некој начин се дистанцираше од власта, вели професорот Сефер Тахири.
„Објективно, мислам дека место во Владата за двата политички блока од Вреди веќе нема. Значи или едните или Таравари треба да ја напуштат владината коалиција. Тоа е политичката логика бидејќи Таравари на некој начин се дистанцираше од власта.
-Фактот дека рече дека од 100 километри се гледа дека не функционира добро владата, односно коалицијата Вреди во Владата е несинхронизирана, а тоа значи дека фактурата за несинхронизирањето на Вреди ја има Владата во целина, мислам дека он ги покажуваше неговите позиции.
-Приближувањето односно договарањето со ДУИ е исто така еден доволен показател којшто мислам дека му дава одврзани раце на Мицкоски да одлучува за оттргнување на Алијансата на Албанците од Владата, бидејќи главната поента на минатите избори на Мицкоски на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше дека ДУИ има голема одговорност за лошата политичко-економска состојба, па дури геополитичката, геостратешката позиција на државата на меѓународно ниво. Мислам дека тука имаше и одредени констатации, заклучоци дека Бујар Османи водел лоши разговори, односно преговори со Бугарија итн., и сметам дека тоа одеднаш Мицкоски да го проголта, да го задржи партнерот на ДУИ во Владата би бил преголем влог, изјави професорот Сефер Тахири за тоа како Владата би функционирала доколку Мицкоски одлучи да го разреши или пак задржи Таравари во Владата во случај кога има директна конфронтација како одвоени политички субјекти – Таравари наспроти Вреди.
Целото интервју со професорот Сефер Тахири ќе го гледате во вечерашното издание на Трилинг во 20.45ч на ТВ24.