Татко од пеколот осуден на 60 години затвор – си ги отрул децата поради љубомора

Боливиец е осуден на 60 години затвор затоа што ги убил своите деца истурајќи им отров во јогуртот, љубоморен што неговата поранешна жена си нашла ново момче.

Хавиер Хернандез Ројано (37) ги уби своите деца на возраст од 4 и 7 години во Ла Паз. На судењето тој раскажал како го направил тоа.

На бившата и рекол дека ќе ги однесе децата да им купи нови чевли. Наместо тоа, ги однел во својата куќа и им ставил инсектицид во јогуртот.

Се обидел и самиот да се самоубие пиејќи отров. Откако претрпел болки и грчеви, отишол во полиција, им признал што направил, па потоа бил испратен во болница каде со недели бил на интензивна нега.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Рохано рекол дека ги убил децата од љубомора, бидејќи неговата поранешна жена била во врска со друг маж.