Во судир на мотоцикл и автомобил вчера во Кегљевац (Хрватска) загинале 32-годишен маж и детето кое го возел на моторот, потврдија денеска од полициската управа Бјеловар-Билогора.
Тешката сообраќајка се случила синоќа околу 19 часот и 20 минути кога 32-годишникот, пред да се стекне со право на управување, управувал нерегистриран и неосигуран мотоцикл низ Кегљевац, а сопатник на моторот било неговото дете.
Во кривина изгубил контрола над мотоциклот, поради што мотоциклот паднал и се лизнал на коловозот и удрил во предниот дел на автомобил со бјеловарски регистерски таблички управуван од 39-годишен маж, кој се движел од спротивна насока.
Во моментот на несреќата возачот на мотоциклот не носел заштитен шлем додека детето сопатник на моторот носел заштитен шлем. И младиот човек и детето починале на местото на несреќата.