Судењето на родителите на Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, кога уби 10 луѓе, 9 ученици и школски чувар, вчера продолжи во Вишиот суд во Белград.
Обвинителот го испрашуваше таткото на Коста, Владимир Кецмановиќ, кој се изјасни за невин и додаде дека обвинителот треба да му се обраќа со почит бидејќи е почитуван лекар. На почетокот на излагањето, тој рече дека не сака и нема да одговара на прашањата на адвокатите кои ги претставуваат семејствата на убиените деца и на чуварот.
По предлог на Вишото јавно обвинителство родителите на убиените деца и сестрата на чуварот нема да имаат статус на сведок и ќе им биде дозволено да седат во судницата за време на одбраната на обвинетиот.
На почетокот на судењето, таткото на Коста рече дека му е жал, но се изјасни дека не е виновен за кривичното дело „тешко дело против општата безбедност“ и дека направил сѐ според прописите и законот.
– Тој за првпат рече дека му е жал за сѐ што се случило, но сосема неубедливо. Целото изнесување на одбраната траеше околу 20 минути, а генералниот впечаток е дека тој само се жали себе и дека дури и да му беше жал, го рече тоа само зашто сметаше дека е добро за него да го каже тоа бидејќи и родителите на убиените деца, како и сестрата на чуварот, беа присутни во судницата – вели извор за српски Курир.
Таткото на момчето зборувал околу 20 минути во судот.
– Тој рече дека обезбедил сѐ според прописите и дека законски ги поседувал оружјето и муницијата во станот. Сепак, обвинителот Стефановиќ го праша како го објаснува тоа што неговиот син со неговото оружје извршил толку ужасно злосторство и го потсети дека 10 луѓе се убиени, од кои 9 се деца. На ова прашање, од фазата на спокојство, обвинетиот татко на момчето убиец премина во фаза на агресија и по само 10-минутно испрашување од јавниот обвинител го покажа своето вистинско лице. Се обрати до судот со следниве зборови: „Барам обвинителот да ми се обраќа со почит, јас сум почитуван доктор“ – додал изворот.
Родителите на убиените деца ја напуштиле судницата прегрнувајќи се со насолзени очи. Курир пренесува дека сите биле вознемирени, а мајката на момчето на убиецот „шетала со крената глава“.
– Го спушташе погледот само кога имаше шанса да се погледне со други родители, но цело време стоеше со крената глава, речиси како да е горда. Никој не знаеше со што се гордее. Таа пред судницата стоеше одвоено од сите, опкружена со тим адвокати. Родителите околу неа се прегрнуваа и се бодреа додека таа постојано ја вртеше главата без никакви емоции. Како да покажа дека нема од што да се срами – пишува Курир.