Тасева: Уште на влезот на академијата тие влегуваат со другите атрибути, подршка од политиката

Слаѓана Тасева, претседателка на транспаренси интернашенал – Македонија, гостинка во Трилинг .

,,Со поддршка на власта се влегува во академијата каде што требаше да обезбедиме да ни дојдат млади, стручни и независни луѓе. Ама уште на влезот на академијата тие влегуваат со другите атрибути,подршка од политиката.” – истакна таа.

На прашањето што стана со личностите што беа споменувани во оваа афера Милчо и Бучковски,Мусат Џафери таа возврати:

,,Јас кога велам дека дел од лицата останаа недостапни за правдата. Оние кои што се наши државјани, кои што живеат овде и за кои што можеше лесно да се проверат. И текот на парите, и трансакциските сметки, и нивното учество во целата афера беше и потврдено со изјавите таму, меѓутоа за нив не видовме никаква постапка. И тоа уште повеќе загрижува бидејќи продолжува состојбата на недостапност за правдата, на луѓето кои што биле во власта или политиката.” – истакна таа.

Според неа многу пресуди не се засновани на факти, ниту на закон.

,,Сепак поминуваат во апелација, и во врховен суд.Сето тоа сите го знаеме. За тие спреѓи знаеме и зборуваме уште кога ја пишувавме првата стратегија за борба против корупцијата во 2002 и 2003 година. Значи ова постои. Очигледно е дека мерките кои што досега ги преземавме тогаш баравме и уставот да се смени за да се обезбеди независност на судиите, да не бидат под влијание на политиката, но и покрај тоа влијаниејата на политиката останаа големи”‘ – потенцираше Тасева.