
Возачот на брзата помош од Кочани, кој цела ноќ пренесуваше пациенти од Кочани до Скопје, а почина откако замина дома, легнал да спие и не се разбуди, најверојатно ќе биде одликуван од државата.
Одговарајќи на новнарски прашања, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека тој завршил голема работа. Нема информации колку часа работел возачот тој ден, но рече дека сите работеле повеќе од 20 часа, затоа што тоа беше вонредна ситуација.
– Јас планирам да го викнам семејството на средба и да го одликуваме постхумно – рече Таравари.
Појасни дека во вонредни околности сите работата без да погледнат во часовникот.
Бидејќи тој нема информации колку време непрестано работел тој возач, а и нема информации дека и друг возач синоќа имал срцев удар, Таравари вели дека засега треба да се сметаат за шпекулации.