Арбен Таравари – градоначалник на Гостивар денеска на Тв24 рече дека неговата партија ја завршува соработката со градоначалничката на Град Скопје во врска со разрешувањето на Зуди Енузи од позицијата вршител на должноста директор на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ кој е член на Алијансата и брат на лицето кое вчера пукаше кон толпата која протестираше.
Според Таравари, протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација.
„Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторо одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто“ – вели тој.
За Енузи појаснува дека ако е разрешен тие ќе ја прекинат соработката со Град Скопје.
„Тој е член на Алијансата кој е разрешен, а ако е разрешен, завршува нашата приказна во Скопје. Ако е резрешен, треба градоначалничата да не консултира нас и ова го кажувам во мое име, не партиско. Денеска ќе имаме состанок и тука завршува нашата соработка со Данела Арсовска. Та го разрешила, а не ВМРО-ДПМНЕ“ – рече Таравари.