Министерството за здравство го објави телефонскиот број 072/899-001 на кој граѓаните ќе може да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот.
„Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари. Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број 072/899-001“, се истакнува во соопштението од Министерството.
Исто така, како што е наведено, граѓаните ќе имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја среда од 13.30 до 16 часот.