Министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за „Гласот на Америка“ потенцира дека најмалку 1000 лекари недостасуваат во здравството во Македонија.
Министерот исто така најави дека ќе бидат вработени 600 специјализанти, и наоѓање на 1200 здравствени работници кои се ангажирани со договор на дело.
„На Македонија и се потребни минимум 1000 лекари, итно и неодолжно“, рече Таравари.
„Оние кои чекаат вработување, се потенцијални кандидати да избегаат од државата. Се надевам дека ќе најдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, и да имаме некаква одрживост во болниците барем во внатрешноста во државата“, рече министерот за здравство.