Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на 7-месечното бебе на Детската клиника
Првиот човек во здравството, Арбен Таравари информира дека нема одговорност кај докторите во врска со смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника во Скопје, на средината на декември. Ова го покажува извештајот кој Таравари го прочитал во понеделникот.
Првиот човек во здравството, Арбен Таравари информира дека нема одговорност кај докторите во врска со смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника во Скопје, на средината на декември. Ова го покажува извештајот кој Таравари го прочитал во понеделникот.
-За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка. Можеби болеста си го направила своето, може подоцна е донесено детето, но констатирано е дека за среќа, нема лекарска грешка, рече денеска министерот.
Стручна комисија проверуваше дали имало и стручни пропусти во лекувањето на детето. Било примено поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи, а во меѓувреме тешката здравствена состојба дополнително се влошила.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат утврди пропуст во лекувањето на седуммесечното бебе. Во извештајот на ДСЗИ се вели дека било констатирано дека за време на прегледот на бебето во дежурната амбуланта немало специјалист.
Откако во јавноста излезе веста за смртта на бебето, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди рече дека биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој рече дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.
Починатото седумесечно бебе ги зголеми повиците на загриженост во јавноста, бидејќи за многу кус период од околу три месеци, на детската клиника починаа три деца. 14-месечно бебе ја загуби битката за живот. Почина од бронхоневмонија, додека родителите упорно барале помош од една во друга болница. Комисија при Министерството за здравство утврди дека и на Детска и во Козле лекарите направиле превид во проценките за неговата здравствена состојба. Претходно починаа новороденче од Струмица кое имало само 8 дена и 4-месечно бебе од Струга.