Таравари на 1 година од Влада: ВЛЕН се претвори во неуспех!

„Денес, на едногодишнината од владата од страна на тројката ВМРО-ЗНАМ-ВЛЕН, немам друг избор освен со разочарување да заклучам дека ВЛЕН, од прекрасен проект, брзо се претвори во неуспешен обид…“, пишува претседателот на АА, Арбен Таравари, во својот последен статус на социјалните мрежи.

На едногодишнината од Владата, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој ја напушти пред два месеци, вели дека ВЛЕН, од прекрасен проект, се претвори во неуспех.

Триото што моментално ја сочинува извршната власт, Таравари го опишува како разочарување.

„Денес, на едногодишнината од владата од страна на тројката ВМРО-ЗНАМ-ВЛЕН, немам друг избор освен со разочарување да заклучам дека ВЛЕН, од прекрасен проект, брзо се претвори во неуспешен обид…“, пишува претседателот на АА, Арбен Таравари, во својот последен статус на социјалните мрежи.

Понатаму во својот текст, Таравари вели:

„Бидејќи бев дел од оваа влада 11 месеци, ги преземам моите одговорности и се извинувам што не можев да ја поместам промената напред!“

Првиот човек на АА нагласува дека промената значи промена на менталитетот, не само на политичките субјекти.

„Промената не значи промена на имињата на партиите, туку на нивниот менталитет!“

Шефот на AА завршува:

„Сепак, сè уште сме на време, ако сме на вистинското место. Затоа, ги поканувам сите страни да се придружат на силата на народот и нивните права!“