
Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава од Штип истакна дека најтешките 18-20 повредени во трагедијата во Кочани е можно да се лекуваат во странство.
Тој појасни дека сме добиле понуди за лекување од неколку држави, а тимот на анестезиолози ќе одлучат каде ќе бидат транспортирани.
– Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Турција, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија… истакна министерот Таравари.
Според офецијалните бројки загинати се 59 лица, на возраст од 14 до 24 години, а стотина се повредени.