Таравари: Келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор!

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари во изјава за „Денешен“ вели дека „Во Македонија келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор“.

Неговата партија го поддржува штрајкот во образованието на СОНК и оттаму велат дека наставниците го бараат тоа што го заслужуваат.

Таравари вели дека наставниците се платени под секој стандард.

„Ги поддржувавме и ќе ги поддржуваме. Мислам дека тоа е право што тие апсолутно го заслужуваат. Во Македонија обичен келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор во средно или основно училиште, но и на некои факултети“ вели Таравари.