Таравари: Инцидентите на протестите ги испровоцираа навивачки групи организирани од Артан Груби

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека иицидентите, кои се случија на еден од протестите, кога нивни сопартиец извади  пиштол и пукаше кон масата демонстранти биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби од коалициониот партнер на власта, ДУИ.

Последните информации ми кажуваат дека тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ. Јас лично до пред некој ден ги немав видено снимките, но откако убаво ги прегледав, видов дека над мостот одредени активисти, и тоа блиски до ДУИ и Артан Груби, фрлаа со камења.