Таравари за пациентката која почина откако не била примена на Инфективна вели: „Нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“

Министерот за здравство – Арбен Таравари, по посетата на македонскиот Црвен крст каде што беше промовирано партнерството за санитетски транспортни возила, одговори на новинарски прашања во врска со смртта на пациентка која починала откако не била примена на интензивна нега на Инфективната клиника, иако имало препорака да биде хоспитализирана и ставена на респиратор.

Тој изјави дека пациентката имала акутна леукемија и дека ќе побара извештај за да се утврди точната причина за нејзината смрт.

„Пациентката имала 48 години и е лекувана по сите протоколи на Хематологија. Се работи за сериозна малигна болест со лоша прогноза,“ рече Таравари и истакна дека, „респиратор има во речиси секоја клиника во комплексот“.

Според министерот, „нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“.

„Причината за смртта сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективната клиника,“ додаде Таравари.