Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска на новинарско прашање за одлуката на ДУИ, Талат Џафери да е технички премиер, посочи дека за нив тоа е симболика и секако ќе го поддржат.
„Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ од почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори“, порача Таравари.