Таравари: Доколку премиерот смета дека не сме потребни, Алијанса ќе ја напушти Владата

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари денеска сподели новости околу ситуацијата во коалицијата ВЛЕН. Информира дека веќе разговарал со премиерот Христијан Мицкоски.

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари денеска сподели новости околу ситуацијата во коалицијата ВЛЕН. Информира дека веќе разговарал со премиерот Христијан Мицкоски.

-Ние како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи исто како одлучи и ЗНАМ, меѓутоа во една меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на ВЛЕН. Гледам емоционални реакции од тоа што остана во ВЛЕН. Во периодов треба да бидеме внимателни и умни и да се обидеме да бидеме порационални бидејќи се работи за политика. Не сакам да давам прогнози и гледам што пооправдано да носам одлуки. На крајот на краиштата, доколку во ВЛЕН се одлучни за тоа што зборуваат во последните денови, ние како партија ќе ги видиме нашите опции за кандидатите за градоначалници, кажа Таравари.

-Владата ја прави премиерот. Сум разговарал со премиерот и пак ќе разговарам. Доколку смета дека не е потребна АА, немаме проблем (да ја напуштиме Владата). Сепак сметам дека партијата е потребна (во Владата). Не може никој друг да каже освен тој што формира Влада. Не треба да брзаме, рече тој за евентуалното излегување на неговата партија од владеачкото мнозинство.