„Талир“ пред паѓање на суд: Јанакиески на пат да се спаси од гонење за злоупотреба на службената положба

Се поизвесно е дека измените на Кривичниот законик ќе ја намалат затворската казна за поранешниот министер Миле Јанакиевски. На денешното рочиште за случајот „Талир“ кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, обвинителката Ленче Ристовска предложи застарување на делото „злоупотреба на службената положба“ за екс министерот Миле Јанакиески. Одлуката ќе биде донесена на следното рочиште на 10 ноември.

„Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба“ од членот 353, сметам дека во конкретниот случај за обвинетиот Миле Јанакиески има основ за примена на тие измени како поблаг закон“, рече обвинителката Ленче Ристоска.

Адвокатот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, адвокатите на поранешниот генЕРАЛЕН СЕКРЕТРА – на владата, Кирил Божиновски и на екс пратеникот Илија Димовски побараа од судија да донесе решение за застарување и во нивните случаи.Особено што како што рекоа на поранешниот шеф на кабинет на Мартин Протуѓер на непочнато судење му застарело делото.

Судијата Осман Шабани побара од обвинителката да го прецизира обвинението со точни датуми и најави дека на наредното рочиште, на 10 ноември, ќе се произнесе по сите предлози. Предметот „Талир“ се однесува на злоупотреба на службена положба, како и на перење пари, дело кое не е опфатено со измените на КЗ и има многу подолг рок на застарување.Првообвинет за случајот „Талир“ и поранешниот премиер И БЕГАЛЕЦ ВО Будимпешта Никола Груевски. Јанакиевски е уште еден во низата функционери кои се ослободуваат за злоупотреба на службената должнсот откао валдата ги додесе контроверзните измени на кривичниот законик .