Таблата на бугарскиот клуб во Охрид ја оштетил 47-годишен охриѓанец

МВР соопшти дека вчера во СВР Охрид бил извршен разговор со лицето Г.И.(47) од Охрид.

Притоа, било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело оштетување, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, соопштија надлежните.

Информираат дека во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консултација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување.