Сѐ уште нема конечен договор со банките за висината на каматите за Унгарскиот кредит
-Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис-секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем рече дека е изразена волја од двете страни за доближување на ставовите.
-Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова и конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите – рече Мицкоски.
Според него, целта е каматата која ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата.
-Сега, реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција – рече Мицкоски.
Тој повтори дека со банкарите разговарал околу средствата што се дел од заемот од унгарската Влада.
-Би го поделил состанокот во три дела – првиот дел е оној дел што се однесуваше во делот на рочноста, времетраењето и слично, вториот дел е желбата да се учествува во проектот и третиот дел е поврзан со каматната стапка. Во делот во кој сакаат да учествуваат како Македонска банкарска асоцијација е несомнен, и сите изразија желба и подготвеност да бидат дел од овој процес.
Во делот на рочноста земавме заеднички став дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја користиме формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата, бидејќи членките кажаа имаат одделни клиенти коишто сакаат можеби и пократок рок итн, затоа велиме до три години и до 15 години рок на отплата – рече Мицкоски.
Инаку, поранешниот министер за финансии, Никола Поповски во госување во „Трилинг“ остро ги критикуваше овие потези на Владата и премиерот.
(Видео) Поповски: Мицкоски врши притисок врз банките, ЕУ перспективата е уништена
-Имам впечаток дека владата во целина не е доволно упатена што прави. Граѓаните нема да ја платат цената, граѓаните си плаќаат даноци. Ние ќе си ги платиме каматите,“ истакна Поповски, додавајќи дека новиот кредит од една милијарда евра ќе значи плаќање камати од 32 милиони евра годишно во следните 15 години.
Поповски ја проблематизираше и употребата на средствата: „Од тие една милијарда, 250 милиони одат во општините за проекти како тротоари, мега парк и поправка на кровови. Тоа ли е стратешки развој?“
Осврнувајќи се на јавниот долг, Поповски предупреди: „Сега е 63,2% од БДП, но до крајот на годинава ќе стигнеме до 65-66%. До 2026 ќе ги надминеме 70%, што за Македонија е неодржливо. Поради овие ад-хок задолжувања, државата ја туркаат во опасна финансиска зона.“