Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во изјава за медиумите вели дека постапката против Артан Груби продолжува иако поранешниот вицепремиер е во бегство.
– Без разлика што е во бегство, и за Артан Груби и за другиот осомничен, постапката и натаму продолжува и јавноста ќе биде известена, изјави Коцевски.
Коцевски беше прашан дали има предистрага за судијата Енвер Беџети, ставен на „црната листа“ на САД, одговори дека „заедно со тој предмет што се однесува и за судијата, и за Артан Груби и, евентуално за друг сторител се води предистражна постапка и понатаму ќе се види како ќе се одвива.
Соопшти дека не е почната истрага за ставањето во фиока на предметот за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
– Истрага не, сѐ уште се работи за предистрага, се прибираат докази и за тој предмет јавноста ќе биде известена, а во моментот за оние дејствија што се преземени од наша страна, јавноста е известена, рече Коцевски.
За финансиската истрага за случајот „Соравија“, пак, одговори дека за Дрин Ахмети има две постапки – едната се води во Јавното обвинителство за организиран криминал, а другата постапка во Основното јавно обвинителство-Скопје.
– Едната постапка е по правна помош за „Соравија“, а другата постапка е за ископина на природни минерални, рече Коцевски.