Сѐ уште гори во Дрисла, активни пожари и кај Никуштак, Булачани и во струшко Татеши и Еленкамен

Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга.

– Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопштиЦентарот за управување со кризи.

Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга.

Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. Во село Куклиш опожарена е депонија.