Британскиот премиер Риши Сунак му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на телефонскиот разговор дека за време на неговиот мандат, поддршката на Велика Британија за Украина ќе биде цврста и силна како и секогаш, изјави портпаролот на Даунинг стрит.
Според портпаролот, британскиот премиер рекол дека Зеленски може да смета на континуираната солидарност на неговата влада, пренесе Ројтерс.
„Двајцата лидери се согласија за потребата да се продолжи да се врши притисок врз варварскиот режим на Путин преку континуирани економски санкции. Сунак рече дека се надева дека наскоро ќе се видиме лично“ – рече портпаролот на Даунинг стрит.