
Нермин Сулејмановиќ (35) од Градачац во БиХ, кој во петокот ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ (38) пред очите на нивното деветмесечно бебе, а потоа уби двајца локални жители и на крајот себеси, бил болно љубоморен.
Според медиумите во Босна и Херцеговина, Сулејмановиќ бил член на позната криминална група од Градачац чиј водач е Елвир Кудузовиќ, за кого убиецот мислел дека претходно бил во врска со неговата сопруга.
– Само ноќта пред да ја започне својата крвава кампања, во областа Брчко се запалени два скапи автомобили на неговиот „газда“, Елвир Кудузовиќ – пренесува порталот polskiti.ba.
Припадниците на овој клан неколкупати биле апсени за многу кривични дела, главно за изнуда, дрога, носење оружје, а Сулејмановиќ додека го пренесувал во живо убиството на сопругата на Инстаграм изјавил дека и претходно убивал, иако никогаш не бил кривично гонет.
Според локалните медиуми, иако добро соработувале, врската меѓу Кудузовиќ и Сулејмановиќ била нарушена поради уверувањето на Нермин дека неговата сопруга претходно била во врска со Елвир.
– Затоа истражните органи се сомневаат дека палењето на автомобилот на Кудузовиќ може да има врска со масакрот што следеше – вели изворот.
Најголемиот дел од групата на Кудузовиќ беше уапсен во 2013 година, а во обвинението против Елвир Кудузовиќ, неговиот брат Ален и други, беше наведено дека во периодот од 2006 до 2013 година организирале група која извршила повеќе дела изнуда, проневера, измама, тешки кражби, поседување оружје и други кривични дела.
Но, врската со Сулејмановиќ настанала кога братот на Елвир наместо во затвор побегнал во Хрватска и таму го сретнал убиецот.
– Нермин Сулејмановиќ е уапсен во Хрватска во рамките на акцијата Никита, токму со Ален Кудузовиќ. Имено, двајцата биле дел од криминална група која од Албанија во Хрватска превезувала 806 килограми марихуана. Сулејмавич тогаш ја призна вината и по завршувањето на постапката се врати во Босна и Херцеговина каде продолжува да работи за криминалната група на Елвир Кудузовиќ – се наведува.
Тогаш Сулејмановиќ и стана особено познат на локалната полиција, но слободно се шеташе и откако беше пријавен за семејно насилство.