Суд во Москва заплени имот на „Гугл“ вреден 7 милиони евра!
Арбитражен суд во Москва заплени пари и имот на компанијата „Гугл“ во вредност од 500 милиони рубљи, речиси 7 милиони евра, како привремена мерка во рамките на тужбата на телевизиската компанија „НТВ“ за враќање на пристапот до нејзината сметка на Јутјуб.
Според информаците на тамошните медиуми, Судот одлучил парите, вклучително и средствата што ќе бидат уплатени на банкарски сметки, како и целиот движен и недвижен имот на „Гугл“ да бидат предмет на заплена.
Претходно, слични мерки против „Гугл“ беа преземени во истата тужба поднесена од „GPM Entertainment Television“ во сопственост на холдингот „Гаспром-Медиа“.