Судски совет: Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките, секое коментирање однадвор е упад во судството

Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда. Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството должен е веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело, се вели во соопштението од Судскиот совет.

Судскиот совет на Република Северна Македонија остро се спротивставува на користење на судството за дневно политичка кампања и нагласува дека судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките и секое коментирање однадвор се смета за упад во судството.

-Судиите и покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси даваат максимални напори за брза и ефикасна правда. Секој кој има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството должен е веднаш да пријави до Судскиот совет и други надлежни органи, затоа што непријавувањето на истите претставува сериозно кривично дело, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Судскиот совет.

Судскиот совет, се посочува, како самостоен и независен орган на судската власт во иднина нема да се вклучува во коментирање на какви било политички изјави, а секогаш ќе реагира во насока за заштита на законитоста и независноста на судството.