Судот оцени дека е незаконски утрешниот четиричасовен штрајк на контролорите на летање во Грција

Без проблеми ќе се одвива авионскиот сообраќај од и кон Грција, утре претпладне, откако закажаниот четиричасовен прекин на работата на контролорите на летање беше прогласен за незаконски.

Без проблеми ќе се одвива авионскиот сообраќај од и кон Грција, утре претпладне, откако закажаниот четиричасовен прекин на работата на контролорите на летање беше прогласен за незаконски, јави дописничката на МИА од Атина.

Управниот одбор на Асоцијацијата на контролори на летање на Грција ги повика своите членови со прекин на работата од 9:30 до 13:30 часот по локално време, да учествуваат во 24-часовниот штрајк што за утре го закажа Синдикатот на вработените во јавниот сектор, меѓутоа со одлука на Првостепенениот суд во Атина овој прекин на работа е прогласен за незаконски.

Со ова, нема да постојат никакви проблеми во закажаните летови од и кон Грција, а воздушниот сообраќај ќе се одвива регуларно.