Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска-Божиновска ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017 година. Судот во Стразбур, во пресудата од 9 мај, вели дека во нејзиниот случај е прекршена Европската конвенција за човекови права и ја задолжува државата во рок од три месеци да ѝ исплати отштета од 750 евра, плус 850 евра за судски трошоци.
Taa беше една од 33-цата обвинети, во декември 2018 година беше опфатена со делумната амнестија за обвинетите за 27 април. Таа сега е советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово.