
Од Кривичниот суд, иако најавија за следната недела, сепак денеска објавија дека случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе го суди судијката Диана Груевска- Илиевска.
-Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска- Илиевска од одделот Кривично полнолетни.
Станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
За сите понатамошни процесни дејствија поврзани со конкретниот предмет, како што посочивме јавноста и странките ќе бидат благовремено известени, информираа од Кривичниот суд.
Денеска судот позитивно во целост го оцени обвинението за „Пулс“, по што наскоро ќе стартува судењето.
Судијката, во еден период, го судеше и случајот „Поткуп“, во кој беше обвинет поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, како и за несреќата „Ласкарци“.
Пред десетина години, судијката Груевска-Илиевска во Академијата за судии во два наврата се изјасни дека лично таа и судиите во Македонија не чувствуваат политички или бизнис притисоци, туку единствено притисоци од новинарите. Таа ги обвини новинарите дека не ја оставаат неа и судиите да си ја вршат работата.
Преземено од Фокус